
Соопштение за јавност на Алијанса за Албанците
Вчера, власта се обиде да манипулира со јавноста, обвинувајќи ја Алијансата за Албанците дека ја блокира ратификацијата на договорот со Албанија, само затоа што побаравме процедурално обраќање.
Денес, кога истиот договор беше на дневен ред, пратеничката од ВЛЕН, Саранда Имери Стафаи, самата побара процедурално обраќање!
Кога ние го правиме тоа, било блокада. Кога тие го прават тоа, било парламентарна процедура!
Ова е сосема доволно за да се разоткријат лицемерието, манипулациите и двојните стандарди на ВЛЕН


