
На 12.11.2026 во с.Прстен, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово го лишија од слобода А.А.(56) од селото.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Застава“ со калибар 12 мм и ловечка муниција, кои ги поседувал без дозвола.
За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.


