Могерини: Иднината на Балканот во ЕУ треба да биде приоритет

Лидерите на ЕУ треба да гледаат на иднината на Балканот во ЕУ како на приоритет за својот економски просперитет, безбедноста на регионот и целата Унија, истакна шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини пред почетокот на Самитот на лидерите на ЕУ во Сибиу.

Могерини во Романија пристигна директно од лидерскиот состанок на процесот „Брдо-Бриони“ во Тирана.

„Ви носам порака од Тирана. Поддршката за ЕУ е околу 90 отсто. Тоа е капитал кој мораме да го зачуваме во иднина“, истакна Могерини.

Додаде дека Унијата мора да се посвети кон јакнење на својата глобална улога, во моменти кога на светот му е потребно лидерството на ЕУ околу многу различни прашања.

Треба да знаете
Последни објави