РФМ со премија од 40 илјади евра за сениорите ако завршат на прво место во групата

Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов денеска изјави дека машката ракометна репрезентација на Северна Македонија ќе добие премија од 40.000 евра доколку се пласира на првото место во групата, а 30.000 евра доколку избраниците на Данило Брестовац бидат втори.

Северна Македонија е на добар пат да обезбеди пласман на ЕП 2020 година, а на сениорите им требаат две победи за освојување на првото место.

Последен предизвик за репрезентативците ќе бидат средбите против Турција на гостински терен и против Грција во Скопје на 12, односно 16 јуни.

Треба да знаете
Последни објави