
Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска изјави дека цените на нафтата ќе паднат кога САД ќе ја добијат војната против Иран.
„Цените на нафтата ќе паднат, како и се друго, но уште повеќе кога ќе ја добиеме војната против Иран. Ќе биде 3 долари за галон, но на крајот ќе биде под 2 долари за галон. Се ќе се случи брзо, а Иран никогаш нема да има нуклеарно оружје“, наведе Трамп во објава на социјалната мрежа Truth social.
За споредба, дизел горивото во САД денеска чини просечно 4,15 долари за галон, додека е најскапо во Калифорнија, каде што е 5,86 долари.



