
Канада од денеска воведе царини за САД што се однесуваат на увоз на американска стока во вредност од околу 20 милијарди американски долари соопшти канадското Министерство за финансии.
Новите царини се однесуваат на речиси 700 американски производи, со стапки што се движат од 15 до 50 проценти, а воведените царини се однесуваат на производи од челик и алуминиум, како и на земјоделска опрема, предмети за домаќинство.
Одлуката на Канада беше донесена откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп воведе царини од 50 проценти за канадска стока, и по неуспехот на трговските преговори.
Во август, САД воведоа царини до 50 проценти на канадска стока во вредност од околу 20 милијарди долари. Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го нападна канадскиот производител на авиони „Бомбардие“, нагласувајќи дека неговите авиони нема да можат да се продаваат во САД освен ако не се произведени таму.



