Skip to main content
Македонија

Осма жртва од западнонилска треска

06/09/2026  18:59

Пациент на возраст од 70 години од скопската населба Драчево е осмата жртва од западнонилската треска годинава. Тој се лекувал на Клиниката за инфективни болести и бил во критична состојба, а имал и неколку коморбидитети.

Досега има 58 потврдени случаи на заболени со вирусот Западен Нил, од кои два нови случаи вчера беа потврдени од Институтот за јавно здравје.

Сите починати од западнонислка треска се мажи на возраст од 62 до 83 години. Тие имале и други заболувања.

Најмногу случаи од западнонилска треска се пријавени во скопските општини Кисела Вода, Аеродром, Гази Баба и Бутел.