Skip to main content
Хроника

Уапсен кавадарчанец, најдени му се дрога и пари

06/09/2026  09:52

На 05.09.2026 во 22:45 часот, за време на одржување на манифестација „Тиквешки гроздобер“ во Кавадарци, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода К.М.(34) од Кавадарци, затоа што при преглед кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и пари.

Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.