
Специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф, и зетот на американскиот лидер, Џаред Кушнер, денеска пристигнаа во Москва, а на аеродромот Внуково ги пречека специјалниот претставник на рускиот претседател за инвестиции и надворешна економска соработка и раководител на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев, јавија московски медиуми.
Претходно, рускиот претседател Владимир Путин, одговарајќи на прашања на новинарите, рече дека американските пратеници Виткоф и Кушнер се секогаш добредојдени гости во Русија и дека Москва со задоволство соработува со нив.
Американскиот портал „Аксиос“ објави во петокот, повикувајќи се на извори, дека Виткоф и Кушнер ќе ги посетат Москва и Киев овој викенд за да разговараат за начините за решавање на конфликтот во Украина.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека испратил специјални пратеници за да преговараат за решение на конфликтот во Украина. Тој рече дека Вашингтон развил нова идеја за можен мировен договор.
Виткоф и Кушнер последен пат ја посетија Москва во јануари кога разговараа со Путин.


