
Прес-конференција на Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ:
Почитувани,
Дека Венко Филипче и талогот на СДС не се грижат за граѓаните и државата веќе на сите им е јасно. Филипче е против секоја корисна идеја и секој проект како што е и развој на индустрија со дата центрите.
Дата центрите или центри за податоци се тема на која талогот на СДС и Филипче се најдоа на различни страни и со своите сопартијци меѓу кои пратеници, како и со пратеникот од СДС и поранешен премиер Димитар Ковачевски.
Значи и луѓе од СДС гледаат дека развојот на овој вид на индустрија е предност и за граѓаните, но и за Македонија како држава и за нејзиниот развој.
Остана само талогот од СДС и Филипче кои не сакаат развој на државата, а и се расправаат и со своите сопартијци.
Филипче очигледно остана слеп кога станува збор за оваа тема, криејќи се зад тоа дека процесот за развој на оваа индустрија не е транспарентен.
Очигледно Филипче не сака ни да ги слушне фактите. Вели дека се грижи за цената на струјата, за користење на водите од страна на еден дата центар. Но, се е јасно и јавно кажано струјата ќе се набавува на пазар или од обноновливи извори, а за ладењето потребно за работа на овие центри има повеќе начини, што значи водите не се во опасност. А за националниот дата центар треба да знае дека државата ќе штеди со спојување на податоците на едно место, а податоците ќе бидат безбедни.
За разлика од Филипче, кој покажува дека не се грижи ниту за граѓаните, ни за консолидирање на партијата која ја води, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ секој ден покажува дека работи во корист на граѓаните и државата.


