
Македонија ја започнува новата учебна година 2026/2027 со огромен пад на бројот на запишани првоодделенци.
Во прво одделение годинава тргнуваат неколку илјади деца помалку споредено со минатата година, а 26 подрачни училиште низ државата се затворија.
Денес, на првиот училиштен ден, министерската за образование и наука Весна Јаневска ги повика првоодделенците од своите родители да добијат брат или сестра.
– Еве, ја користам приликата да ја информирам јавноста дека ако продолжиме вака постојано ќе затвораме училишта. Ние пред три години направивме сликовница за прво, второ и трето одделение што се вика „Јас, мама, тато, дада и бато“. Оттука порака за првачињата: освен тоа што ќе побараат да стекнат знаење, можеби треба да побараат да стекнат и братче и сестриче, за да можеме повторно овие привремено затворени училишта, во иднина да ги отвораме – рече Јаневска од ООУ „Ацо Шопов“ во Општина Бутел.



