
Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ноќеска лишиле од слобода 34-годишен жител на скопското село Инџиково, откако кај него биле пронајдени марихуана и дигитална вага.
Според информациите од МВР, на 1 септември 2026 година, во 00:05 часот во село Инџиково, полициски службеници го лишиле од слобода Р.С.(34) од истото село.
При претрес во домот на 42-годишната А.Д. од Инџиково, извршен врз основа на судска наредба, таму бил затекнат Р.С. При преглед кај него биле пронајдени и одземени неколку пакувања со марихуана и дигитална вага.
Тој бил задржан во полициска станица, а од МВР најавуваат дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


