
Рано утрово, украински беспилотни летала го оштетија руското пристаниште Уст-Луга на Балтичкото Море, потврди гувернерот на Ленинградската област, Александар Дрозденко. Станува збор за едно од најголемите и најважните руски пристаништа на Балтичкото Море, во кое се наоѓа клучен нафтен терминал за извоз на сурова нафта и деривати, објави „Киев Индепендент“ .
Руската воздушна одбрана објави дека соборила десетици дронови над регионот во текот на ноќта од 31 август кон 1 септември. 17 авиони биле пресретнати во нападот врз пристаништето Уст-Луга. Гувернерот Дрозденко изјави дека вкупно 38 дронови биле уништени над Ленинградската област до 6 часот наутро по локално време и потврди дека е регистрирана штета во пристаништето.
Пристаништето Уст-Луга беше цел на неколку напади во последните месеци, бидејќи украинските напади врз руската нафтена инфраструктура се интензивираа. Украинската војска изврши серија напади од далечина врз пристаништето во март и април оваа година. Последниот таков напад се случи на 14 август. Според Генералштабот, два погони за преработка биле оштетени и избувнал пожар.
