
Такси возило вечерва удрило во оградата на мостот на булеварот „Србија“ во Скопје, во близина на хотелот „Дабл Три бај Хилтон“.
Според првичните информации, возачот на такси возилото од засега непознати причини ја загубил контролата врз автомобилот, по што излетал од коловозот и се забил во заштитната ограда на мостот.
На местото на сообраќајната несреќа е причинета материјална штета.
Засега нема официјални информации дали во несреќата има повредени лица, ниту што точно довело до губење на контролата врз возилото.



