Skip to main content
Хроника

Вооружен напaд во Куманово, од мопед пукано во автомобил во движење

31/08/2026  14:47

На 31.08.2026 околу 02:45 часот во СВР Куманово е пријавено дека околу 02:40 часот на локалниот пат од населба Карпош, кумановско, кон село Никуљане, општина Старо Нагоричане, од мопед во движење, на кој се превезувале две лица, биле испукани неколку куршуми од огнено оружје кон патничко возило „ауди” со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(34) од Куманово.

Повредени лица нема. Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.