
Почетокот на новата учебна година ќе биде одбележан со голема детска забава во Џевахир Мол во Скопје. На 1 септември, по првите училишни часови, најмладите ќе можат да продолжат со дружење, музика и средби со некои од нивните омилени детски ликови.
Програмата започнува во 12:00 часот со „Back to School Party“ со DJ Bono. Забавата е предвидена до 14:00 часот, со музика и весела атмосфера за децата кои токму тој ден се враќаат во училишните клупи.
Паралелно, Џевахир Мол ќе биде исполнет и со омилените маскоти. Од 12:00 до 14:00 часот децата ќе имаат можност да се дружат и фотографираат со Спајдермен, Елса и Марио.
Забавата продолжува и во попладневните часови. Од 14:00 до 16:00 часот ќе пристигнат Мики и Мини Маус и Соник, со што програмата ќе трае вкупно четири часа.

Додека децата уживаат во забавната програма, денот може да биде искористен и од родителите. Тие можат да направат шопинг и да ги искористат попустите и понудите во продавниците во Џевахир Мол, да завршат дел од подготовките за новата учебна година или едноставно да седнат на кафе и да уживаат во пријатна атмосфера.
На овој начин, 1 септември во Џевахир Мол ќе биде ден за целото семејство забава и омилени ликови за најмладите, а шопинг, кафе и време за одмор за родителите.
Настанот е замислен како весело одбележување на почетокот на новата учебна година и можност првиот училишен ден да остане во убаво сеќавање и за децата и за нивните родители.

