
Воздухопловниот ВИНГ на Армијата денеска бил ангажиран во гаснењето на шумскиот пожар во месноста Макази, на падините на Националниот парк „Пелистер“, во реонот на Општина Ресен.
Како што информираат од Армијата, хеликоптер Ми-8МТ реализирал тричасовен налет, при што биле исфрлени 14 противпожарни ведра, односно вкупно 28 тони вода врз активните жаришта.
Гаснењето од воздух се одвивало со истовремена поддршка од земја, во координација со екипите кои се ангажирани на терен.
Од Армијата информираат дека Воздухопловниот ВИНГ останува во целосна оперативна подготвеност за понатамошна воздушна поддршка, согласно состојбата и потребите на теренот.


