Skip to main content
Хроника

Затвореник од „Идризово“ почина, се качил на бандера и фатил жица под напон

30/08/2026  14:55

На 29.08.2026 во 14:43 часот во СВР Скопје, од Казнено поправната установа Идризово е пријавено дека во кругот на внатрешното шеталиште во установата, Н.И.(42) од с.Тебреште, се качил на бандера и се фатил за жица која била под струен напон, при што паднал.

Лекар од Итната медицинска помош констатирала смрт.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.