Skip to main content
Скопје

Двокатен автобус се запали на Водно

30/08/2026  11:29

Густ црн чад се издига над Водно, откако на видиковецот избувнал пожар во двокатен автобус на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека скопските пожарникари се на терен и работат на гаснење на пожарот. Според првичните информации, се очекува огнот набргу да биде ставен под целосна контрола.

Засега нема опасност од ширење на огнот кон блиската вегетација, а пожарникарите преземаат мерки за локализирање на пожарот и спречување на негово евентуално проширување.

Нема информации за причините за избувнувањето на пожарот, ниту за евентуално повредени лица и причинетата материјална штета. Повеќе информации се очекуваат по завршувањето на интервенцијата.