Skip to main content
Македонија

Пороен дожд и град се закануваат на Куманово – граѓаните да бидат внимателни

29/08/2026  19:47

Силно невреме проследено со пороен дожд, засилен ветер, интензивни грмежи и појава на покрупен град се движи северозападно од Куманово.

Според моменталната состојба, постои можност невремето да зафати и делови од Куманово и околината.

На граѓаните им се препорачува зголемена внимателност и, доколку е можно, да избегнуваат движење и престој на отворено додека трае невремето.

Особено се препорачува внимателност поради можните силни удари на ветер, интензивните електрични празнења и појавата на град.