Skip to main content
Македонија

Мицкоски договорил дата центи – само кога граѓаните би знаеле со кого? велат од СДСМ

29/08/2026  08:46

Соопштение за јавност на СДСМ;

Мицкоски изјави дека не се откажува од дата центрите, споменува 5-6 инвеститори и најавува реализација.

Значи Мицкоски веќе договорил дата центри пода радарот.

Само кога граѓаните на Македонија би знаеле со кого?

На кого Мицкоски му ги поклонува водата, земјата и струјата?

Се прават дилови за профити додека се крие од јавноста.

Мицкоски договорил и не се откажува. Граѓаните никој не ги прашува. Ќе биде како што ќе каже Мицкоски.

Земјоделците нема да имаат вода за нивите. Граѓаните ќе плаќаат повисока цена за струјата.

Храна нема да имаме, Македонија од дата-центрите нема ништо, но затоа имаат некои приватни компании и поединци.

Дата-центрите не се технолошки напредок. Дата-центрите се само хардвер за туѓ технолошки напредок, на штета на граѓаните на Македонија, како и сè со ОКГ ВМРО.

Секогаш кога Мицко договара, разговара, граѓаните ништо не знаат.

Инвестициите мора да бидат во интерес на Македонија, а не ресурсите на Македонија да се ставаат во функција на туѓи профити.

Затоа бараме целосна транспарентност:

Кој е инвеститорот со кој преговара Мицкоски?