Skip to main content
Хроника

Приведен охриѓанец, вперил пушка кон неколку лица кои го нападнале неговиот малолетен син

28/08/2026  17:01

На 27.08.2026 во 22:15 часот, на булеварот „Туристичка” во Охрид, од слобода е лишен П.С.(47) од Охрид, по претходна пријава во СВР Охрид дека тој вперил воздушна пушка кон неколку лица, меѓу нив и едно со пиштол, кои на булеварот физички го нападнале неговиот малолетен син.

Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.