Државјанин на Косово вчера бил приведен од полицијата откако кај местото „Караорман“, гевгелиско, во неговото возило „ауди а3“ биле затекнати три мигранти од Египет и еден од Сирија.
„Мигрантите биле префрлени во гевгелискиот прифатен центар, а против косовскиот државјанин ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација на случајот“, информираат од МВР.
МВР исто така информира дека денеска околу 05.40 часот на автопатот Демир Капија – Скопје, кај клучка Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово го лишиле од слобода 36-годишниот М.Ч. од Република Турција.
При преглед во патничко возило „пежо 5008“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени осум лица мигранти од Сирија, од кои шест малолетници.
М.Ч. бил задржан во полициска станица, а мигрантите биле сместени во Прифатно – транзитен центар Гевгелија за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.