Одбојкарите на ОК Вардар ќе се дружат со фановите во сабота во Градски парк

Одбојката е спорт каде два тима од по шест играчи се одделени од една мрежа. Во пресрет на својот полуфинален натпревар против ЏИО Струмица во сабота, 11. мај 2019, во 20.00 часот, екипата на ОК Вардар одлучи да ја спушти мрежата за своите фанови и љубителите на спортот.

ОК Вардар организира дружба, истиот ден, сабота, 11. мај 2019, од 12.00 до 13.00 часот во срцето на Градски парк, кафе барот Централ парк. „Дојдете да се дружиме, да дознаеме нешто повеќе за нашата игра и цели. Во исто време да се запознаеме лично и да ги споделиме со вас нашите соништа.“, порачува секој од ОК Вардар. Тие додаваат и дека се многу благодарни до сите од Централ парк за поддршката. Тимот на ОК Вардар ќе потпишува маици за присутните и ќе додели карти на неколку среќници за самиот натпревар.

За тие кои што сакаат да се запознаат и со Конал Мекеинш од Австралија може да го погледнат и следното видео: https://www.youtube.com/watch?v=KlSQnn-0AYg&feature=youtu.be

За ОК Вардар натпреварот против ЏИО Струмица е од исклучително значење и покрај дружбата во Централ парк од 12.00 ги повикуваат сите кои се во можност да ја дадат нивната поддршка во сабота, 11. мај 2019, во 20.00 часот на самиот натпревар.

Треба да знаете
Последни објави