
Соопштение на ДОМ:
ДОМ ја поздравува одлуката на Советот на Општина Пехчево едногласно да ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар.
Ова е важен чекор, но тука не завршува приказната.
Ќе продолжиме внимателно да ги следиме сите постапки за изградба на дата-центри, како и да реагираме секогаш кога ќе има обиди вакви проекти да се туркаат без доволно информации, без јавноста да биде навремено информирана и без јасни анализи за влијанието врз потрошувачката на вода и струја. Потенцијалните продобивки и штетни последици од ваквите проекти мора да се објавуваат навремено и транспарантно со целосно вклучување на сите засегнати страни.
И ова не е прашање само за Пехчево. Истите правила мора да важат на целата територија на Македонија.
На Македонија ѝ треба дигитален развој, но не по цена на животната средина и јавниот интерес.
ДОМ ќе продолжи да следи и да реагира бидејќи за секој дата-центар, во секоја општина – одлуките мора да се носат целосно транспарентно, одговорно и со учество на граѓаните.
