
Торнадо доцна синоќа помина низ департманот Од на југот на Франција, при што беа повредени 15 луѓе и беа оштетени повеќе од 300 куќи, соопштија локалните власти.
Снимки објавени на социјалните мрежи прикажуваат торнадо над селото Верзеј во Од доцна синоќа.
На многу куќи кои се најдоа на неговиот пат, силните ветрови им ги искршија прозорците, пренесоа светските агенции.
Торнадото настана кога интензивниот летен топлотен бран неделава го заменија невремиња со грмотевици во многу подрачја на јужна Франција.



