Skip to main content
Хроника

Неисправен лифт во зграда тешко повреди тригодишно девојче во Радишани

25/08/2026  14:30

На 24.08.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје, Е.З.(30) од Скопје пријавила дека на 22.08.2026 околу 18:15 часот, додека таа и нејзините деца биле во лифт од станбена зграда на подрачјето на Радишани, вратата од лифтот ненадејно се отворила и затворила, при што нејзината тригодишна ќерка била повлечена и се се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски” Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.