
Соопштени за јавност на СДСМ:
Поминаа шест недели а документ, извештај, анализа за водата во Гостивар нема.
Поминаа 10 дена откако Мицкоски се врати од образовано-научна екскурзија и откако рече дека „инсистира да се објави изшвештајот„.
Ништо. Нема извештај, нема анализа на водата, нема кој утврдил и потпишал дека водата е безбедна за пиење.
Се е лага и пропаганда.
Кој шири паника? Мицкоски и Клековски шират паника. Со тоа што не го објавуваат документот цели 6 недели и со тоа што даваат протиречни изјави.
Прво за забрани, потоа дека може да се користи како техничка вода, па дека има нови бактерии и вируси во водата, потоа уверуваа дека водата може да се пие, па дека ќе се објави извештајот на 20 август а ниту еднаш не објавија целосен документ.
Неизвесноста и недовербата кај граѓаните така ја создаваат Мицкоски и Клековски.
Што се крие од граѓаните?
По 22 дена загадена вода и околу 5.000 заболени зошто граѓаните не можат да добијат целосен документ?
Зошто не се објавува целосниот извештај?
Информациите за нејзината безбедност мора да бидат јавно објавени во еден целосен извештај. Со сите резултати и со потпис на одговорните.



