
На 23.08.2026 во 20:30 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат с.Меџитлија – с.Старавина, 42-годишниот Д.Ј. од с.Новаци, битолско управувајќи мопед со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од коловозот.
Од здобиените повреди Д.Ј. починал на местото, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.



