Skip to main content
Скопје

Ноќна дезинсекција низ Карпош

24/08/2026  12:37

Вчеравечер, стручните екипи од Центарот за јавно здравје во соработка со Град Скопје и Општина Карпош спроведоа дополнително теренско прскање против комарци и ларви, во насока на ефикасно справување со западно – нилската треска. Ноќеска се изврши темелна дезинсекција на неколку критични точки низ општината, поточно на улица Ловќенска 4 во населбата Козле и на ул. Скупи 8 во Бардовци.

Стручните служби досега извршија седум теренски прскања низ главниот град и општина Карпош, а сега се фокусирани кон т.н. „лежишта“ кадешто е забележано поголемо присуство на инсекти. Општина Карпош ќе продолжи со координираните акции за намалување на присуството на комарците, а оттука и за зголемување на безбедноста и здравјето на граѓаните.