
Општина Ѓорче Петров продолжува со инвестициите во подобрување на условите за престој, воспитување и развој на најмладите. По цели 40 години, целосно се реконструирани три занимални во клонот „Детелинка“, со што децата и вработените добиваат значително подобри, побезбедни и посовремени услови.
Во рамки на реконструкцијата, поставени се околу 200 квадратни метри нов под, целосно се обновени ѕидните површини, а изведена е и нова електрична инсталација.
Со оваа инвестиција се подобрува функционалноста и безбедноста на просториите, но пред сè се создава попријатна и поквалитетна средина за секојдневниот престој на децата.
Општина Ѓорче Петров останува посветена на континуирано унапредување на условите во детските градинки и училиштата, затоа што инвестицијата во децата е инвестиција во иднината на нашата општина.
Продолжуваме со конкретни проекти и создавање подобри услови за секое дете во Ѓорче Петров.


