Skip to main content
Македонија

Сообраќајот на ГП Табановце се одвива без задржувања

24/08/2026  09:20

Министерството за внатрешни работи информира дека сообраќајот на Граничниот премин Табановце се одвива непречено и без задржувања.

Возилата со странски регистарски ознаки кај кои е евидентиран сообраќаен прекршок за плаќање се задржуваат најмногу до пет минути за регулирање на обврската.

Благодарение на воведениот систем и можноста за електронско регулирање преку апликацијата „Безбеден град“, постапката е значително олеснета и забрзана.