
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:
Откако претседателот Мицкоски јасно кажа дека доколку СДС и Филипче побараат предвремени избори, истите ќе ги добијат, во СДС молк и повлекување.
До вчера гласни со секојдневни прес-конференции, обвинувања и повици кон ВМРО-ДПМНЕ, денес одеднаш ги снема.
Очигледно е дека едно е да се биде гласен пред камерите, а сосема друго да се излезе пред граѓаните и да се побара нивната доверба.
Ако СДС е толку убеден дека граѓаните се на нивна страна, зошто тогаш молчат кога ќе се споменат избори?



