Skip to main content
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски спомна предвремени избори, СДС се исплашија и ги снема 

20/08/2026  12:45

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Откако претседателот Мицкоски јасно кажа дека доколку СДС и Филипче побараат предвремени избори, истите ќе ги добијат, во СДС молк и повлекување.

До вчера гласни со секојдневни прес-конференции, обвинувања и повици кон ВМРО-ДПМНЕ, денес одеднаш ги снема.

Очигледно е дека едно е да се биде гласен пред камерите, а сосема друго да се излезе пред граѓаните и да се побара нивната доверба.

Ако СДС е толку убеден дека граѓаните се на нивна страна, зошто тогаш молчат кога ќе се споменат избори?