
Соопштение за јавност на ДУИ:
Во уставниот поредок, определбата „македонски” се поврзува исклучиво со етничкиот идентитет на македонскиот народ, додека официјалното име е Армија на Република Северна Македонија. Таа им припаѓа на сите граѓани и на сите заедници што ја сочинуваат државата.
Можеби Министерството, ненамерно, само ја опиша реалноста што ја создава оваа Влада.
Албанците систематски се отстрануваат од високите позиции и од центрите на одлучување во секторот за одбрана. Десет директори во Министерството за одбрана, ниту еден Албанец. На нивоата каде што се носат одлуките, присуството на Албанците е сведено до целосно исклучување.
Армијата се финансира и од даноците на Албанците. Албанците служеле и продолжуваат да служат во нејзината униформа. Албанските семејства ѝ ги довериле на оваа институција своите синови и ќерки. Никој нема право да ја претвори во симболичка и институционална сопственост на само една заедница.
Во меѓувреме, „не-вреди” молчи. Нивните министри и заменици-министри си ги чуваат фотелјите, додека Албанците ги губат позициите во полицијата, Армијата и во целиот безбедносен систем. Нивната улога е сведена на оправдување на одлуките на ВМРО-ДПМНЕ и на производство на соопштенија против ДУИ.
Бараме итна корекција на називот, објавување на етничката структура на раководните позиции во Министерството за одбрана и враќање на правичната застапеност на Албанците на сите нивоа на одлучување.
Армијата на Република Северна Македонија е заедничка институција. Секој обид таа да се претставува и гради како моноетничка институција директно ги загрозува мултиетничкиот карактер на државата и духот на Охридскиот договор.

