
Вчера во 15:40 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишиле до слобода Б.С.(67) од Битола.
Од МВР информираат дека тој се сомничи дека околу 12:35 часот предизвикал пожар на улицата „4 Ноември“ во Битола, при што била зафатена сува трева и дрвени палети во неговото поранешно стовариште.
Пожарот бил изгаснат од екипа на територијланта противпожарна екипа од Битола, а повредени лица нема.
Увид извршила екипа од СВР Битола и по целосно документирање на случајот, против него ќе боиде поднесена соодветна пријава, посочија од МВР.

