Skip to main content
Економија

Мицкоски ќе ја промовира новогодишната потрошувачка кошничка

05/12/2024  08:11

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски денеска во свечената сала на Владата, ќе одржи состанок со претставниците на стопанските комори во однос на промоција на новогодишната потрошувачка кошничка.

Како што соопштија од владината прес-служба, новогодишната потрошувачка кошничка се состои од листа на прехранбени производи и алкохолни и безалкохолни пијалаци предложени од страна на производителите и трговците кои за време на новогодишните празници ќе бидат понудени на потрошувачите по ниски цени.

По состанокот, премиерот Мицкоски ќе одржи прес-конференција.