Skip to main content
Балкан

Силен земјотрес вечерва ја погоди Грција, потресот почувствуван во поширокиот регион

28/07/2026  22:52

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала вечерва е регистриран во Грција. Според првичните податоци, потресот се случил во 20:10 часот по универзално време, односно во 22:10 часот по локално време.

Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот бил лоциран на околу 20 километри северозападно од Јанина и приближно 149 километри западно од Лариса.

Земјотресот бил регистриран на мала длабочина од само пет километри под површината на земјата. Поради плиткиот епицентар, потресот бил силно почувствуван од населението во околните населени места, како и во делови од поширокиот регион.

Параметрите на земјотресот се прегледани и потврдени од сеизмолози.

Засега нема информации за причинета материјална штета или повредени лица. Надлежните служби и сеизмолошките центри ја следат состојбата.