Skip to main content
Свет

Повторно пукано врз Конзулатот на САД во Торонто

28/07/2026  08:53

Непознато лице вчера отвори оган врз Конзулатот на САД во Торонто. Во инцидентот никој не е повреден, а полицијата трага по сторителот.

На фасадата на Конзулатот има дупка од куршум, а пред дипломатската мисија пронајдена е чаура.

Во истрагата вклучена е и канадската единицата за борба против тероризмот.

Тоа е втор таков инцидент за четири месеци. Врз Конзулатот на САД во Торонто беше пукано и на 10 март, по што е зголемена безбедноста на дипломатските мисии на САД и на Израел поради војната на Блиски Исток.