
На 25.07.2026, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Д.И.(55), М.И.(26), Р.А.(50) и А.П.(46), сите од Куманово.
При претрес во домот на Д.И., извршен со судска наредба во 14:00 часот, кој не бил дома, а биле затекнати неговиот син М.И., неговиот пријател Р.А. и пријателката А.П., биле пронајдени и одземени прашкаста материја, дигитална вага, предмети со остатоци од бела прашката материја, метадон и други предмети.
По преземени мерки, во 17:30 часот на Спомен костурница во Куманово бил пронајден и Д.И. и кај него биле пронајдени и одземени предмети со остатоци од прашкаста материја, дробилка и други предмети. По целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.


