Skip to main content
Скопје

ЈП Комунална хигиена спроведува активности за расчистување по вчерашното невремето

22/07/2026  09:35

Во текот на вчерашната ноќ и утринава, ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведува засилени активности за расчистување по обилните дождови што вчера го зафатија градот.

Во координација со Градот Скопје, екипите на Претпријатието реализираат активности за расчистување на јавните и на сообраќајните површини, со цел да се овозможи проодност на движењето на пешаците и безбедно одвивање на сообраќајот.

Се реализираат рачно и машинско метење и миење, а екипите на Претпријатието се ангажирани и за повторно поставување на садовите за одлагање на отпадот што беа изместени во текот на невремето.

Активностите ќе продолжат во текот на целиот ден, во насока на целосно санирање на последиците од невремето.