
Големо невреме кое во моментов ја зафаќа Црна Гора се движи кон Македонија, предупредуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Според најавите на метеоролозите, нестабилната облачна маса се движи од запад кон нашата земја и во наредните часови се очекува да предизвика локални поројни врнежи од дожд, засилен ветер и услови за појава на невреме на повеќе места.
Надлежните апелираат граѓаните да бидат внимателни и да ги следат официјалните информации за временските услови, особено доколку планираат патување или престој на отворено.

