Skip to main content
Хроника

Старица тешко повредена по пад на дрво во Карпош

21/07/2026  15:37

На 20.07.2026 во 20:25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Карпош паднало дрво и со тешка телесна повреда се здобила К.М.(86) од Скопје, по што била пренесена во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски” за укажување на лекарска помош.

Исто така, граѓанин пријавил дека, додека ја барал чантата на повредената, пронашол експлозивна направа, која подоцна била подигната од местото за понатамошна постапка. Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот.