Skip to main content
Спорт

Фенербахче започна преговори за враќање на Елиф Елмас

04/12/2024  15:16

Елиф Елмас се враќа во Фенербахче, и тоа не како позајмен од Лајпциг, туку како целосно откупен.

Оваа информација утрово ја пласираа турските медиуми, а ја пренесе македонскиот спортски портал Екипа.

Наводно Фенербахче веќче почнал преговори за враќање во клубот каде што беше ценет, откако е јасно дека епизодата во Лајпциг не беше успешна.

Легендарниот Жозе Мурињо, тренерот на тимот од Истанбул, наводно дал зелено светло за почеток на преговори за враќање на македонскиот „дијамант“.

Интерес има и од неговиот поранешен клуб Наполи, но италијанскиот тим сака позајмица, додека во опција за Лајпциг е само перманентен трансфер. Бундеслигашот Лајпциг за него ќе бара 15 милиони евра, што е за девет милиони помалку од она кои тие го платија на Наполи за да го доведат.