Skip to main content
Свет

Русите нападнаа воз во Украина

18/07/2026  16:44

Руските сили извршија двоен напад врз локомотива и патнички вагони во регионот Запорожје. Според првичните информации објавени од министерот за обнова, инфраструктура и транспорт, Николај Калашников, во нападот нема повредени.

Калашников изјави дека сите патници и персонал се безбедни благодарение на интервенцијата на групата за мониторинг и брзата реакција на железничкиот оператор.

Министерот истакна дека Русија продолжува намерно да ја напаѓа цивилната железничка инфраструктура. Сепак, додаде дека железничкиот сообраќај и работењето на украинскиот железнички систем продолжуваат.

Според Калашников, неговото министерство, во соработка со Министерството за одбрана и државниот оператор „Укрзализниця“ (Украински железници), работи на зајакнување на отпорноста на железничкиот транспорт на руски напади.