Skip to main content
Македонија

Активен пожар во кичевското село Србица, пожарот во селото Бајково под контрола

16/07/2026  13:55

Центарот за управување со кризи соопшти дека денеска до 13 часот се регистрирани два пожари на отворен простор, од кои еден е активен, а друг е ставен под контрола.

Активен е пожарот во нива во селото Србица во Општина Кичево, а под контрола е пожарот во селото Бајково во Општина Ново Село, со кој е зафатена ниска вегетација и мешана шума.