
Изјава за медиуми на Кети Штерјова од СДСМ:
Нов скандал, со Панче на чело на МВР се случува тотален распад.
Наркодилерот од Кочани, Александар Лазаров – Цуната, кој се поврзува и со дискотеката „Пулс”и со Миле Лефков од ВМРО победна од Македонија.
ВМРО и Панче Тошковски завчера му го отворија прозорот во полициската станица во Кочани а вчера го пуштија да избега наркодилерот Цуната.
Па откако го пуштија да избега, распишаа меѓународна потерница.
Едно исто сценарио, веќе добро видено и познато кога се ВМРО и Тошковски во прашање.
Театар и замајување на јавноста додека никој не одговара а криминалци се пуштаат на слобода наместо да се пратат во затвор.
Криминалци слободно си поминат преку граница, 5 тони дрога исто така поминаа преку граница а никој не одговараше.
Тошковски остана министер затоа што ги штити криминалците блиски до власта.
Многу прашања има за одговарање Тошковски. Но пред се треба да понесе одговорност.
Ова е целосен распад и класична злоупотреба на безбедносниот систем, за кој мора да има политичка и кривична одговорност.
СДСМ бара целосно расчистување на случајот, утврдување одговорност на сите инволвирани и оставка од Панче Тошковски.
Оставка Панче!


