
Соопштение за јавност на ВЛЕН:
Со изгласувањето на реконструкцијата на Владата, Собранието потврди дека процесот на промените продолжува.
ВЛЕН влегува во нова фаза на владеење со зголемена одговорност и со кадри кои ги олицетворуваат професионалноста, знаењето и интегритетот.
Професорот Jетон Шасивари ќе раководи со Министерството за правда, Агон Ферати ќе биде министер за односи меѓу заедниците, додека Седат Сулејмани ќе го предводи Министерството за култура и туризам.
Од оваа реконструкција, ВЛЕН излегува уште посилен политички, со вкупно 6 министерства (силно продолжуваме и со нашите кадри во економија, животна средина и евроинтеграции), со мисија да изградиме посилни институции и чесно да им служиме на граѓаните.
Ова не е само промена на имиња. Ова е јасна порака дека институциите треба да им служат на граѓаните, а не на партиските интереси. Ова е крај на логиката на привилегиите и почеток на пристап што се мери со работа, резултати и одговорност.
Со нова енергија, подготвени кадри и јасна визија, ВЛЕН ќе продолжи да биде гласот на граѓаните и гарант на реформите што ја движат државата напред.
Затоа, нашите министри ќе бидат оценувани според нивната работа, реформите и резултатите што ќе ги постигнат за нашите граѓани.
Така градиме силни институции, го штитиме јавниот интерес и докажуваме дека политиката може да се води со достоинство, професионалност и визија.


