
Албански државјан е уапсен на Граничниот премин „Деве Баир“, откако при гранична контрола и претрес на товарно возило биле пронајдени 24 пакувања со марихуана.
Според информациите од МВР, на 8 јули околу 20 часот, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Ч.А. (40) од Албанија. При деталниот претрес на товарното возило „Волво“ со албански регистарски таблички, кое го управувал, во кабината на влекачот биле откриени и одземени 24 пакувања со марихуана.
За случајот веднаш бил известен јавен обвинител, а осомничениот е задржан во полициска станица и против него ќе следува понатамошна законска постапка.

