
На 07.07.2026 во 17:25 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Ј.М. (42) од Куманово, по претходна пријава дека тој психички и физички ја малтретирал неговата сопруга, со која е во бракоразводна постапка. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
На 07.07.2026 во 16:40 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Д.(40) од Скопје, по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 35-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 07.07.2026 во 10:35 часот во СВР Скопје 35-годишен маж пријави дека неговата поранешна вонбрачна партнерка А.Г.(33) психички го малтретирала нивниот малолетен син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.07.2026 во ПС Гостивар, 41-годишна жена од гостиварско, пријави дека околу 18:00 часот во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг А.М.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во ОВР Кочани е пријавено дека 81-годишен маж од кочанско, подолг временски период бил физички и психички малтретиран од неговиот 57-годишен син С.Н., кој исто така го избркал од семејниот дом и противправно му ги држел неговите лични документи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.07.2026 во 09:45 часот во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го лишија од слобода Ќ.С. (59), по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 56-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 08.07.2026 во 00:55 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Н.Б. (50) од Штип, по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 43-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 07.07.2026 во 13:50 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Љ.Н.(53) од Свети Николе, по претходна пријава дека околу 12:00 часот во семејниот дом физички ги нападнал неговата 53-годишна сопруга и нивната ќерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.


